Над 2.600 луѓе преку „МојГрад“ бараат затворање на битолската зоолошка градина

Повеќе од 2.680 луѓе преку платформата за граѓанска партиципација „МојГрад“ бараат затворање на битолската зоолошка градина.

Во предлогот објавен на платформата се вели дека зоолошката градина не е соодветно, ниту хумано место за животните, истовремено додавајќи дека тие живеат мизерно во кафези и негрижа. Па оттука, се посочува дека решението на проблемот е тоа што животните ќе се пренасочат во живеалишта во кои ќе имаат услови за нормален живот, како други зоолошки и стационари.

„Никој нема право да се изживува врз животните! Заслужуваат достоен живот во пристојни услови. Зоолошката во Битола е логор. Се надевам ќе се затвори и животните ќе бидат префрлени во резервати во соседните држави или на слобода“, пишува во еден од најгласаните коментари на предлогот.

Во меѓувреме, покрај големиот број на гласови „ДА“, против овој предлог гласале и повеќе од 20 граѓани.

Во предлогот исто така се потенцира дека резултат на затворањето би било едуцирање на граѓаните и идните генерации за моралните вредности, во однос на тоа што е хумано, но и на кој начин тие треба да се грижат за животните и средината во која живеат.

Објавена платформата „МојГрад“ за граѓанска партиципација во носењето одлуки во Советот на Град Скопје