Над 10.000 профили избришани од Твитер

Од социјалната мрежа Твитер се избришани над 10.000 лажни профили, од кои автоматски биле праќани пораки со повици за бојкот на изборите за американскиот Конгрес, што ќе се одржат во вторник.

„Отстранивме низа профили поради тоа што се обидуваа на автоматизиран начин да шират дезинформации, што претставува провреда на нашите насоки за работа“, потврди портпаролот на Твитер за Ројтерс.

Во кампањата за претседателските избори во САД, во 2016 година, Твитер затвори милиони профили преку кои беа ширени лажни вести со цел да и’ се наштети особено на кандидатката за претседател на демократите, Хилари Клинтон.

Според сопствени проценки, Твитер месечно има 335 милиони активни корисници.