Национална галерија на Македонија организира бесплатни работилници за деца секоја недела

Секоја недела во период помеѓу 10:30 – 12:30 часот, Националната галерија на Македонија ќе организира ликовни работилници во просториите на Чифте амам.

Ликовните работилници се наменети за деца (5 -13 годишна возраст). Во нив ќе бидат опфатени разни едукативни активности во областа на сликарството, графиката, цртежот и вајарството.

Работилниците ќе бидат прилагодени да одговараат на различна возраст, способности и интереси на децата кои ќе учествуваат во нив.

Овие работилници имаат за цел да се развие креативното размислување кај децата преку корисни предавања, уметност и дружење со други деца, велат од Националната галерија.

Вчера се оддржа првата работилница која беше посветена на Ибрахим Кодра. По краткото предавање кое се однесуваше на неговата биографија и творештво, деца цртаа и сликаа инспирирани од неговите дела.

За учество можете да се пријавите на официјалната Фејсбук страница на Националната галерија.