На пролет, Зоолошката градина во Скопје ќе се збогати со „Авантура парк“

На пролет, Зоолошка градина Скопје ќе биде збогатена со уште една содржина која ќе ги анимира најмладите посетители. Во план е изработка на „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.

Основните училишта, односно децата од 6 до 15 години, ќе може бесплатно да го користат паркот во склоп со нивните часови по физичко образование.

„Сакаме Скопје да го има овој парк.  Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизвик- лавиринти, дрвени куќарки и јажиња со препреки со загарантирана безбедност. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

„Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт.