На професорка од „Ј.Б. Тито“ не и е продолжен договорот, смета дека е одмазда за „политичка непокорност“

По 23 години работа во гимназијата „Јосип Броз – Тито“, професорката по физика, Олга Сејменов, е принудена да се бори со институцијата во која поминала повеќе од половина од својот работен век. Сејменов не може да го оствари своето, со закон гарантирано, право на продолжување на Договорот за вработување по навршени 64 години возраст. Наместо одлука за продолжување, училиштето донело решение за прекин на Договорот за работа, поради остварување на старосна пензија, иако професорката се уште нема 64 години. Решението е донесено на 06 април оваа година, објави ЦИВИЛ.

По жалбата до Училишниот одбор, Сејменов е одбиена, со образложение дека барањето за продолжување на Договорот за работа не е поднесено во законски дадениот рок.

Рокот за поднесување изјава за продолжување, според Законот за работни односи е најдоцна до 31 август во тековната година, односно, во конкретниов случај 31, август годинава. Професорката Сејменов својата изјава ја поднела на 11 април. Како причини за ваквата постапка на училиштето Сејменов ги наведува нејзините чести несогласувања со директорката на училиштето, особено во периодот кога Сејменов била претседателка на Училишниот одбор. Таа нагласува дека многу често се спротиставувала на одлуките на директорката и дека ваквата одлука на училиштето не е ништо друго туку одмазда за нејзината „политичка непокорност“.

 

Целиот текст на ЦИВИЛ може да го прочитате ТУКА.