МЗ: Шестмина починати и 147 нови случаи на Kовид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 147 нови случаи на Ковид-19 при 1296 тестирања. Шест лица починале, а 111 пациенти оздравеле.

Починатите се тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и по еден пациент од Штип и Берово.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г)“. информирааат од министерството.

Во однос на новозаразени, Скопје и понатаму предничи, односно во главниот град се регистрирани 64 нови случаи во последните 24 часа. По него, по бројност доаѓа Тетово со 16 нови случаи, Гостивар со 9, во Куманово има 8, па следуваат Свети Николе и Струга со 7 нови заболени, во Велес и Охрид има по 5 нови случаи, Штип 6, а Кичево, Ресен и Битола по 4 нови заразени. Во Прилеп, пак, регистрирани се 3 нови случаи, додека во Струмица, Крива Паланка, Кочани, Кратово и Пробишти по еден.

Со ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле, пак, се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, соопштија од министерството.