МЗ: Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февруaри

Министерството за здравство информира дека Северена Македонија ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Фајзер. Првите 5850 дози вакцини се очекува да стигнат во февраури.

„Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, соопштија од министерството.

Оттаму велат дека земјата е подготвена за имунизација против корона.

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а во Северна Македонија ќе пристигна месецов.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.