МЗ: Осуммина починати и 82 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 82 случаи на Ковид-19, при направени 1.211 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Оздравени се 265 пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19.