МЗ: 80 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, тројца починати и 97 оздравени

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се регистрирани 80 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 680 спроведени тестирања. Починати се тројца, а оздравени се 97 лица.

Новите случаи се во: Скопје 54), Куманово (1), Тетово (3), Веле (4), Кавадарци (2), Гостивар (7), Крива Паланка (1), Кочани (3), Виница (2), Делчево (1) и Свети Николе (2).

Во болнички услови починати се 3 лица кои биле пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациент. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од МЗ.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996.

Во однос на тестирањето, досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Засега нема тестирања во рамките на скринингот, велат од МЗ.

[Инфографик] Ковид-19 ги полни македонските болници