МЗ: 39 починати и 1.237 новозаразени во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 39 лица, односно, десет пациенти од Скопје на 73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76 години, еден од Куманово на 76 години, еден од Штип на 51 година, тројца од Прилеп на 71, 57 и 56 години, еден од Тетово на 65 години, шест од Велес на 76, 59, 81, 63, 81 и 85 години, пет од Битола на 68, 65, 44, 76 и 69 години, двајца од Охрид на 54 и 63 години, шест пациенти од Струмица на 72, 85, 71, 54, 77 и 71 година, еден од Куманово на 44 години, и по еден пациент од Кочани, Кичево и Неготино на 67-годишна возраст.

Од МЗ соопштија дека во последните 24 часа се потврдени 1.237 нови случаи на Ковид-19, односно, дека се регистрирани 506 случаи во Скопје, 91 во Прилеп, 75 во Гостивар, 67 во Велес, 55 во Штип, 51 во Тетово, 38 во Струмица, 36 во Кичево, 34 во Куманово, по 31 случај во Струга и Кавадарци, 30 во Битола и 29 случаи во Неготино.

Потоа, регистрирани се 28 случаи на Ковид-19 во Битола, 26 во Битола, 24 во Свети Николе, 23 во Гевгелија, 15 во Кочани, 13 во Ресен, 12 во Крушево, 11 во Радовиш, осум во Крива Паланка, седум во Демир Хисар, шест во Валандово, пет во Кратово, четири во Македонски Брод, по три во Пробиштип и Виница, два во Делчево и еден случај е регистриран во Берово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 748 оздравени пациенти, односно, од Скопје-284, Куманово-49, Штип-32, Прилеп-61, Тетово-69, Струга-5, Велес-51, Битола-28, Охрид-13, Кавадарци-14, Гостивар-35, Гевгелија-12, Струмица-25, Крива Паланка-7, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-15, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Валандово-3, Делчево-5, Свети Николе-8, Кичево-1, Ресен-1 и од Неготино-5.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.2449, бројката на оздравени пациенти е 30952, на починати е 1462, а бројот на активни случаи изнесува 20035. Од вчера се регистрира еден контролен тест“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 306.481 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.200 тестови.

Владата поради состојбата со коронавирусот, вечерва прогласи и 30-дневна криза состојба која почнува од денеска.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба