МЗ: 33 починати, 489 новозаразени и 905 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 33 лица. Починале 15 лица од Скопје (47г, 52г, 56г, 63г, 68г, 68г, 70г, 77г, 78г, 84г, 84г, 84г, 84г, 85г и 91г), 5 од Прилеп (59г, 68г, 75г, 78г и 87г), 3 од Охрид (74г, 76г и 87г), по 2 од Куманово (56г и 84г) и Тетово (65г и 80г), и по 1 починат е пријавен од Битола (65г), Гостивар (81г), Штип (80г), Свети Николе (67г), Кавадарци (80г) и Демир Хисар (52г).

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 489 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 155 случаи во Скопје, 52 во Битола, 47 во Куманово, 27 во Прилеп, 25 во Струмица, 21 во Охрид, по 19 во Тетово и Велес, 18 во Штип, 16 во Кочани и 15 случаи на Ковид-19 во Кичево.

Потоа, по 10 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Радовиш и Виница, по 7 во Гостивар и Струга, 6 во Кавадарци, по 5 во Крива Паланка и Богданци, по 4 во Гевгелија, Берово и Демир Хисар, по 3 во Неготино и Ресен, 2 во Валандово и по 1 случај е регистриран во Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица.

Регистрирани се 905 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 375, Охрид – 92, Битола – 70, Куманово – 66, Велес – 35, Гостивар – 34, Штип – 27, Тетово – 26, Струга – 21, Струмица и Кочани – по 20, Прилеп – 19, Гевгелија и Валандово – по 16, Кичево – 12, Ресен – 8, Радовиш и Свети Николе – по 7, Берово и Делчево – по 5, Виница, Богданци, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кавадарци и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Крива Паланка, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 703.569 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.841 тестови.