МЗ: 307 новозаразени, 14 починати и 658 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 14 лица, односно, пет пациенти од Скопје на 70, 78, 65, 75 и 80 години, еден од Прилеп на 73 години, еден од Гостивар на 71 година, еден од Штип на 66 години, двајца од Охрид на 75 и 78 години, еден од Кавадарци на 52 години, еден од Кичево на 63 години, еден од Свети Николе на 57 години и еден од Гевгелија на 80 години.

Од МЗ исто така информираат дека се потврдени 307 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 137 случаи Скопје, 17 во Куманово, 15 во Велес, по 13 во Тетово и Прилеп, 11 во Дебар, по десет во Гостивар, Охрид, Кавадарци, девет во Струмица, осум во Кичево и седум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Битола.

Потоа, по шест случаи на Ковид-19 се регистрирани во Гевгелија и Делчево, пет во Ресен, по четири во Штип и Радовиш, по три во Струга, Пробиштип, Богданци, Кратово и Крушево, два во Виница и по еден случај е регистриран во Свети Николе, Неготино, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод.

Институтот за јавно здравје регистрирал 658 оздравени пациенти, односно, од Скопје-444, Куманово-13, Тетово-9, Прилеп-22, Гостивар-11, Штип-7, Велес-11, Охрид-46, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-34, Кочани-2, Свети Николе-2, Гевгелија-8, Неготино-6, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-1, Пробиштип-1, Виница-1, Македонски Брод-3, Крушево-2, Демир Капија-1, и од Пехчево-2.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90124, бројката на оздравени пациенти е 76045, на починати е 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 439.121 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се регистрирани 1.854 тестови.