МЗ: 13 починати, 72 новозаразени и 1.023 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица, односно, четири пациенти од Скопје на 74, 69, 93 и 87 години, тројца од Прилеп на 69, 76 и 57 години, еден од Велес на 51 година, еден од Неготино на 80 години, еден од Дебар на 71 година, по еден пациент од Радовиш и Македонски Брод на 66 години и еден пациент од Кратово на 76 години. Од нив, еден пациент е починат вон, а останатите се починати во болнички услови

Од МЗ соопштија и дека се потврдени 72 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 45 случаи во Скопје, по четири во Куманово, Тетово, Гостивар, Штип и Струга, три во Кавадарци и по еден случај е регистриран во Кичево, Свети Николе, Неготино и Дебар.

Институтот за јавно здравје регистрирал 1.023 оздравени пациенти, односно, од Скопје-511, Куманово-51, Тетово-32, Прилеп-46, Гостивар-29, Штип-17, Битола-34, Велес-38, Струмица-26, Кавадарци-50, Кочани-22, Кичево-11, Свети Николе-5, Гевгелија-15, Неготино-21, Дебар-22, Ресен-3, Крива Паланка-20, Радовиш-23, Берово-9, Делчево-1, Пробиштип-3, Виница-4, Валандово-5, Македонски Брод-2, Богданци-6, Крушево-3, Демир Капија-2, Пехчево-11 и од Дојран-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89463, бројката на оздравени пациенти е 74800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11924. Од вчера се евидентира еден контролен тест“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 793 тестови.