МВР: Тетовски наставник удрил ученик од клупа и му скршил заб

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 56-годишниот наставник М.Б. од с. Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата”.

Според билтенот на Министерството за внатрешни работи, вчера (13 мај) околу 11.00 часот во основното училиште во Желино, наставникот за време на час удрил ученик по задниот дел од главата, при што тој удрил во клупата и му бил скршен заб.