„Music Man“ – нов сингл на Кирил Џајковски

Кирил Џајковски го објави својот нов сингл „Music Man“. Повторно во соработка со пејачот Лајон Д, песната е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период.

Во петок, 12-ти јули, Џајковски гостува со live настап на Д Фестивал во Дојран, каде што на главната бина ја предводи програмата за отворањето на Фестивалот. За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјален гостин на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.