Мултимедијален перформанс „`Ртулци“ во „Кино Култура“  

Во „Кино Култура“ во сабота (23 јуни) од 20 часот ќе се одржи уникатен мултимедијален перформанс под насловот „`Ртулци“.

„40-минутно искуство за сите сетила, создадено од младите уметници кои беа дел од првата продукција на ‘Инкубатор’ програмата за култура во организација на КЦ Интерарт, поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Македонија. Музика, танц и визуелна уметност – синергија на сцена претставена низ призмата на нов бран млади креативци“, велат од Инкубатор.

Од таму потенцираат дека седум оригинални уметнички дела ќе пренесат приказна создадена на тромесечните работилници на „Инкубатор“, под менторство на едни од најистакнатите македонски уметнички имиња.

Влезот за настанот е слободен.