Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ организира уште една акција за разубавување. Овој пат од мостот на железничката станица во близина на ул. „Венјамин Мачуковски“, во понеделник (17 јули), почнувајќи од 18:30 часот.
„Ве покануваме заедно низ забава и музика, да ги засукаме ракавите и да ги разубавиме скопските маала“, стои во поканата за настанот.
Понесете ентузијазам, а ние ќе обезбедиме соодветна опрема и забава“, велат организаторите.
На настанот се приклучуваат Тони Зен, Диџеј Гоце Саф, хип хоп групата BEATRIX CREW, Мако Новески и графити уметници.