Мрдни со прст – Пикник за сите во сабота во Градскиот парк во Скопје

Во сабота (15 септември), со почеток во 11 часот во Градскиот парк во Скопје, граѓанската платформа „Мрдни со прст“ организира голем целодневен настан со наслов „Мрдни со прст – Пикник за сите“.

Посетителите ќе можат заедно да спортуваат, да се забавуваат, но и да поразговараат за граѓанскиот активизам, да добијат можност да се приклучат на идни граѓански акции и да им покажат на другите дека секој може да донесе промени во своето општество.

Отворањето е во 11 часот кога ќе започнат активностите за најмладите и за спортистите, а ќе заврши со музичка програма во 1 часот по полноќ.

Од 11 до 14 часот, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе организира серија активности за најмладите. Во исто време, ќе биде реализиран и спортско – забавен настан под мотото „Размрдај се“ со вежбање фитнес и јога со професионални инструктори под отворено небо, во кои можат да се вклучат сите возрасни групи на граѓани.

Од 14 часот до 17 часот е време за дружење во “чил аут“ зоната во која повеќе македонски диџеи ќе пуштаат релаксирачка музика во позадина, додека посетителите ќе можат да уживаат во слободни активности како фризби, јо -јо, народна…

Од 17.30 часот, па се до 19 часот ќе се одржи трибина под наслов „Нахрани го умот“, а од 19:30 часот до 20:30 часот ќе бидат прикажани 3 кратки филмови од млади домашни автори, кои веќе беа претставени на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ – „Поинакви“, „Адолесцензура“ и „Поглед во очите“.

Од 20:30 часот, па се до 1 часот по полноќ ќе настапат неколку познати диџеи зад своите миксети, меѓу кои ќе бидат Гоце САФ, Тони Зен, Dj BoogieMan и Dj GameOver.