„Мој воздух“ со нов дизајн ќе се шири и на Балканот

Македонската апликација „Мој воздух“ доби нова верзија. Преку неа, изминативе 5 години над 100 000 корисници се информираа за квалитетот на воздухот.

Обновената платформа ќе им помогне на корисниците подобро да го разберат загадувањето, а новата маскота Воздушко ќе ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух.

Нејзиниот автор, Горјан Јовановски вели дека од годинава апликацијата ќе се шири и низ Балканот, почнувајќи со Косово.

„Но тука не запираме. МојВоздух и понатаму ќе се стреми да воведува повеќе едукативна содржина, како и повеќе можности како граѓаните да ги преземат работите во свои раце и да ја подобрат животната средина“, најавува тој.

Тој се надева дека со ова им испраќа порака на надлежните институции дека притисокот нема да запре се дур не се обезбеди чист воздух.

Новата верзија може да се преземе на следните линкови:

Android – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality
iOS – https://apps.apple.com/app/id1190987663

„Мој воздух“ црпи информации од 50 мерни станици ширум државата. Дел од нив припаѓаат на државната мрежа на мерни станици, дел се на независната Pulse.eco мрежата, а останатите се на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Покрај ова, апликацијата користи сателитски податоци од Европската Вселенска Агенција за поточно мапирање на загадувачите.

„МојВоздух“ е фамилија на еко проекти, вклучуваќи и crowdsourcing мапа за загадувачи, политички бројач на ветувања и други. Сите се достапни на https://mojvozduh.eu