МОФ: Oнлајн дискусија на тема „Позицијата на младите за време на пандемијата“

За тоа како пандемијата ги погоди младите за време на пандемија и со какви се предизвици се соочуваат тие во образованието, вработувањето, менталното здравје и учеството, ќе се дискутира на онлајн тркалезната маса во организација на Младински образовен форум.

Јавната дискусија на тема „Позицијата на младите за време на пандемијата“, ќе се одржи на 9 декември на „Зум“, со почеток во 12 и 30 часот. На тркалезната маса ќе бидат презентирани податоци за политиките и јавните средства наменети за намалување на негативните ефекти од кризата на младите, како и препораки на младинските организации.

Онлајн настанот е отворен за сите средношколци, студенти и млади, младински организации и сите заинтересирани. За присуство, потребна е регистрација пред 8 декември, по што сите пријавени ќе добијат линк за учество.

На тркалезната маса ќе бидат претставени презентации и анализи за јавните политики од стана на Стефани Спироска, дел од МОФ и Виктор Стојкоски, од ЗМАИ. Блажен Малески од „Реактор“ ќе зборува за трошењето на јавните средства за подобрување на состојбата на младите во пандемијата.

Учество на настанот ќе земат и Ѓорѓи Тасев, посебен советник за млади на Владата кој ќе зборува за мерки за поддршка на младите и Мери Цветковска од платформата „Млади во криза“ која ќе ги посочи улогите на граѓанските организации цо застапувањето за млади во криза.

Младинското организирање и делување во пандемијата ќе биде претставено од Влатко Костовски, претставник од Националниот младински совет на Македонија.

Настанот ќе биде достапен на македонски и албански јазик, а вклучено ќе биде и толкување на знаковен јазик.