Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставници на Младинскиот oбразовен форум денеска се сретнаа за да разговараат за актуелните состојби поврзани со младите во Македонија.
Дона Костуранова, извршен директор на МОФ го презентираше проектот „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт”. Целта е да се истражи досегашната работа на Агенцијата и да се дадат насоки за поголема функционалност на оваа институција.
Каевски посочи дека АМС ќе биде отворена за информации, за увид во досегашната работа и подобрување на соработката со младинските организации. Исто така, се разговарало и за развојот на локалните младински совети.
Присутните дискутирале и за Младинската гаранција која започнува да се спроведува од септември. Една од мерките која треба да придонесе за намалување на младинската невработеност и полесен излез на младите на пазарот на трудот. Со цел да се подобри реализацијата на оваа мерка, отворена е можноста за организирање на консултативна средба со засегнатите страни. Во претстојниот период ќе се креира Буџетот за следната година.