Моби ги продава своите плочи во хуманитарни цели

Моби соопшти дека ја продава својата колекција на плочи за да собере средства што ќе ги донира на организацијата Physicians Committee for Responsible Medicine.

Распродажбата ќе започне утре преку сајтот Reverb LP’s кој е посебно отворен за промоција на колекцијата на Моби во која има ретки изданија од неговиот личен каталог, како и неговите познати синглови од 80-тите и 90-тите.

„Повеќе сакам некој да ги користи и да ги сака како што јас го правев тоа, а парите кои ќе ги собереме ќе одат кај Physicians Committee for Responsible Medicine. Вака сите добиваме“, вели Моби во својата објава.

Тој досега продаде  над 100 парчиња музичка опрема за да помогне на Physicians Committee for Responsible Medicine, организација која ги користи искуствата на повеќе од 12.000 физичари во комбинација со повеќе од 175 илјади членови ширум светот, кои заедно се борат против болести како дијабетес, срцеви заболувања, рак и прекумерна тежина.