Многу млади сметаат дека социјалните мрежи би влијаеле на нивниот глас на избори

Една третина од младите Британци на возраст од 18 до 24 години сметаат дека социјалните мрежи можат да влијаат на нивната одлука околу тоа за која партија би гласале на избори, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Ipsos Mori“. Односот кон социјалните медиуми и политичката дебата на Британците како целина е сепак поинаков.

Повеќе од една третина (34%) од оние на возраст од 18 до 24 години велат дека информациите што ги добиваат од социјалните мрежи веројатно би влијаеле на нивното гласање. Во Велика Британија социјалните мрежи се наведени како четвртото по ред потенцијално влијание врз одлуката за кого ќе се гласа – по ТВ дебатите, весниците и предизборниот маркетинг, а само пред летоците во сандачињата.

Резултатите исто така покажуваат дека 71% од граѓаните сметаат дека социјалните медиуми обезбедуваат платформа и глас за луѓето кои инаку не би учествувале во политичките дебати, но постои загриженост дека социјалните сајтови на медиумите, како што се Фејсбук и Твитер, ја прават политичката дебата поповршна.

Многу млади сметаат дека социјалните мрежи би влијаеле на нивниот глас на избори

Таквото чувство го делат и оние кои се активни на социјалните мрежи и од страна на оние кои не се. Меѓу корисниците на социјалните мрежи, 57% и 50% се согласуваат дека новите медиуми ја прават дебатата повеќе разделувачка и површна отколку порано.

Од друга страна, како позитивно се гледа тоа што друштвените медиумски платформи помагаат да се урнат бариерите меѓу гласачите и политичарите и политичките партии (од 50% на 28%). Младите луѓе се најпозитивни во овој поглед – 60% од нив се согласуваат со ова тврдење, во споредба со 39% од оние кои се на возраст од 55 и повеќе години.

Иако бројките истакнуваат дека социјалните мрежи потенцијално можат да имаат значително влијание на ангажирањето и на влијанието на младите луѓе во политичкиот процес, во извештајот исто така се истакнуваат ограничувањата на социјалните мрежи во овој поглед.

Помалку од еден од пет Британци (19%) велат дека со голема веројатност би им поверувале на политичките информации добиени од социјалните мрежи, додека цели 59% не се согласуваат со ова. Оние кои се на возраст од 18 до 24 години се оние кои најмногу имаат доверба во социјалните медиуми, со речиси една третина (34%), кои се потпираат на информациите што ги гледаат на Твитер или Фејсбук.

Bobby Duffy, извршен директор на „Ipsos Mori, вели:

Овие докази сугерираат дека платформите како Фејсбук или Твитер стануваат дел од природното ткиво на групата која најтешко се ангажира во политиката и чии мислења се најфлексибилни и најмалку „врежани во камен“ – младите луѓе“.