Младите тетовци во акција – „Paper girl“

Во рамките на неколкумесечниот проект „Paper girl“ младите тетовчани од невладините организации „Лоја“ и од Младински образовен форум – Тетово организираа акција за делење на изработените материјали.

Младите тетовци во акција – „Paper girl“

Симболични предмети, изработки од хартија, пластични елементи со пораки со најразлична содржина беа поделени на голем број на граѓани на Тетово кои беа сретнати низ улиците. Нив ги изработија младите тетовчани на големиот број одржани работилници за употреба на старите предмети, хартија и други стари и неискористени работи кои можат повторно да се употребат.

Младите тетовци во акција – „Paper girl“

Тетовци беа изненадени од акцијата, но кога ги отворија изработките, беа воодушевени од напишаните пораки.

Акцијата започна од плоштадот во Тетово, низ градските улици заврши симболично во рестартираниот Спортски центар.

Младите тетовци во акција – „Paper girl“

Инаку, акцијата „Paper girl “ се спроведува по идеја на германката Ана Пиц која претстојуваше во Тетово изминатата година како волонтер во невладината „Лоја“. Претходно изработените материјали и предмети беа изложени во Центарот за Балканска Соработка „Лоја“. „Paper girl“ е позната светска кампања каде што на креативен начин се искажуваат најразлични желби и се упатува порака кон граѓаните, институциите.

Б.К.