Младиот борач Бесир Алили освои злато на Европското кадетско првенство во Италија

Бесир Алили, од македонскиот боречеки клуб „Лирија“ во саботата освои златен медал на Европското кадетско првенство во Фаенца, Италија.

Тој стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.

Ова е прв затен медал за Македонија на Европско кадетско првенство.

Пред победата над Хованисјан, Алили ги совлада и Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

Македонските борачи на кадетските првенства вкупно имаат освоено 8 медали, од кои три сребрени и четири бронзени и златниот на Алили.

Извор: United World Wrestling