Младинска фото-изложба за проблемите во Тетово

Загадениот воздух, сообраќајниот хаос и дивите депонии во Тетово се само дел од проблемите кои беа инспирација за организирање младинска фото-изложба. Изложбата ќе се отвори во четврток (10 декември), во просториите на ССОУ „Моша Пијаде“ – Тетово.

На неа ќе бидат прикажани 30 фотографии кои се изработени од страна на членовите на Медиа/Арт клубот од Тетово. Членовите изминатиот период работеа на модулот „Фотографија“ каде што практично се обучија како да фотографираат.

Темите кои се прикажани на фотографиите се: загаденост на воздухот, дивата депонија, сообраќајниот хаос и неправилното паркирање, отпадот низ градот, состојбата на спортскиот центар и паркот „Ајдучко маало“.