Миси Елиот е првата раперка која одбрани докторат на „Беркли“

Десеткратната добитничка на Греми, Миси Елиот, го одбрани својот почесен докторат по музика од престижниот колеџ „Беркли“ во Бостон.

Елиот стана првата раперка во историјата што некогаш добила почесен доктор од престижната институција. Од „Беркли“ за Елиот велат дека е „пионерска соло-ѕвезда, пионерска продуцентка, текстописец, пејачка и раперка”.

Во краткиот говор пред дипломираните студенти, Елиот им рече дека „ќе има подеми и падови – да се подготват за тоа”.

Откако ги опиша сопствените подеми и падови, таа ги поттикна студентите да бидат трпеливи за време на борбата, но никогаш да не се откажат од себе.

„Се додека дишете, никогаш не е предоцна. Не заборавајте го тоа. Дојдовте премногу далеку за да се откажете. ”

Својот успех го сподели на Инстаграм, каде се нарече д-р Миси Еллиот.

 

View this post on Instagram

 

CREATE YOUR OWN LANE!!!! Sincerely Dr. MISSY ELLIOTT🙌🏾🙌🏾@Berkleecollege👩🏾‍🎓 #VA #757

A post shared by Missy Elliott (@missymisdemeanorelliott) on

Елиот доби диплома заедно со Џастин Тимберлејк и реномираниот бродвејски оркестратор Алекс Лакамоир. Претходни уметници кои добија признание од институцијата за нивната креативност се и Б.Б. Кинг, Смоки Робинсон, Арета Френклин и Лоретта Лин.

2019 е голема година за Елиот. Таа, исто така, стана првата раперка која се приклучи во Домот на славните како текстописец во јануари оваа година.