Мигрантите се соочуваат со лош и понижувачки третман, покажува студија на Советот на Европа

Европските земји сѐ повеќе употребуваат нелегални практики за да спречат мигранти, а нивните акции се со „минимална казнивост“, се вели во извештајот на Советот на Европа, пренесува „Гардијан“.

Комитетот за анти-тортура при Советот на Европа вели дека e пронајдена јасна шема на лош третман кон лицата кои се обидуваат да ги поминат границите низ цела Европа.

Мигрантите и барателите на азил биле удирани, тепани со пендреци, оружја, гранки, од страна на полицијата и граничните работници, кои често ги ваделе своите беџови, се вели во годишниот извештај. Луѓето често наидувале на неразбирање и бркање од европските земји, преку копнени и морски патишта, без да бидат преслушани нивните барања за азил.

Жртвите исто така биле подложни на „нехуман и понижувачки третман“ преку пукање на куршуми близу нив додека тие лежеле на земјата, туркање во река со, понекогаш, заврзани раце, или присилба да пешачат боси или голи низ границата.

46 држави кои се членки на Советот на Европа ја потпишаа Европската конвенција за човекови права, со кои се забранува тортура, нечовечки и деградирачки третман и начин на казна.

Во извештајот не се именувани држави, но од Советот велат дека истражиле „стотици“ случаи на одвраќања во скоро време, сите низ европските мигрантски рути.

Комисијата скоро ги посети Грција, Турција, Унгарија, Шпанија, Малта и Италија за да се направи проценка на мигрантските политики.

Минатиот ноември, претставници на советот на Европа извршија итна посета во миграциониот центар во Кент, откако илјадници лица беа затворени со недели во тесни простории и нехигиенски услови.

Наодите од извештајот остро се спротивставуваат од официјалните ставови на многу од европските влади, од каде велат дека не се случуваат нелегални активности за протерување на мигранти.