Миа Крстевска и Стефан Цветковски поставија рекорди на пливачкиот натпревар во Белград

Младите македонски пливачи Миа Крстевска и Стефан Цветковски се вратија со рекорди од традиционалниот пливачки митинг „11 април“ во Белград.

Крстевска на 200 метри грбно исплива со време од 2 минути, 21 секунда и 33 стотинки, со што освои златен медал во трката и постави нов државен рекорд, кој според таблиците на ФИНА значи 676 освоени бода. Претходно, во квалификациите таа го собори рекордот (2:21.81), а во финалето го подобри речиси за половина секунда, соопшти Александар Маленко на својот Твитер профил.

Цветкоски, пак, на 50 метри пеперутка го подобри рекородот во кадетска конкуренција, кој сега изнесува 28 секунди и 18 стотинки, освојувајќи бронзен медал и 504 бодови според ФИНА таблиците.

Извор: Дерби.мк