Метален монолит пронајден во средината на пустината Јута од страна на хеликоптерска екипа

Чудна метална структура беше откриена во пустината Јута од страна на хеликоптерска екипа, што ги зачудило локалните власти. Научници кои го проулувале дивиот свет забележале необичен објект, додека броеле овци во југоисточниот дел на САД. Тие истакнале дека структирата била „насадена“ во земјата помеѓу црвени камења.

Не се знае кој го инсталирал монолитот, кој е висок 3.6 метри.

Во интервјуто за локалните телевизиски канали, пилотот кој управувал со хеликоптерот, Брет Хатчингс истакнал дека тоа е најчудната работа која ја видел за време на неговата кариера.

Хатчингс нагласил дека монолитот бил забележан од страна на биологот кој патувал со него во хеликоптерот, а примарната задача било да се избројат долгорогите овци во овој дел од пустината.

„Одеднаш почна да ми вика еј, еј, чекај застани, сврти назад. Онаму има една работа, мора да се вратиме за да ја видиме“, се потсетил Хатчингс.

Тој шпекулира дека монолитот можеби е инсталиран од „некој нов уметник“ или обожавател на филмот „2001: Спејс Одеси“ во режија на Стенли Кјубрик.

Во филмот, невидлива вонземска раса создава црни монолити, идеја која е базирана на новелистот Артур Кларк.

Одделот за јавна безбедност во Јута, објавил фотографии од монолитот минатата недела, со што оттаму истакнале дека силите ќе одлучат дали е потребно понатамошна истрага.

„Засега е нелегално да се инсталираат структури и уметност без дозвола на земјишта кои се државни, без разлика од која планета сте“, изјавиле од Одделот.

Одделот не ја открил точната локација на монолитот, плашејќи се дека дел од луѓето би биле заинтересирани да ја бараат, при што има можност тие да се изгубат.

Засега, никој не се јавил како одговорен за инсталацијата на монолитот.

Извор: BBC