Место ученици во француско училиште се запишаа овци

Петнаесет овци биле симболично запишани во основно училиште во француските Алпи откако родителите стравувале дека поради намалениот број на ученици ќе се затворат дел од одделенијата.

Потегот бил направен откако на училиштето му било соопштено дека едно од 11-те одделенија ќе биде затворено бидејќи бројот на ученици се намалил од 266 на 261.

Локален пастир во вторникот наутро, во придружба на неговото куче пристигнале во училиштето заедно со 50 овци. 15 од нив биле „официјално“ регистрирани во школото.

Низ смеа Гаел Лавал изјави: „сега нема да мораме да затвараме некои од одделенијата“, кој е еден од родителите позади иницијативата, и ги обвини образовните власти дека повеќе се загрижени за бројките, отколку за благосостојбата на децата.

Лавал вели дека се служел со хумор со цел да мобилизира луѓе за да се справат со „мизерната“ ситуација.