Мексикански бизнисмен ќе произведува тоалетна хартија „Трамп“

Мексикански бизнисмен, револтиран од навредите на Доналд Трамп кон неговите сограѓани, ќе започне со произведување на тоалетна хартија, што го носи неговото име.

Корпоративниот адвокат Антонио Батаглиа ја претстави тоалетната хартија „Трамп“, со слоганите „Мекост без граници“ и „Ова е границата за која ќе платиме“.

Институтот за индустриска сопственост во Мексико досега има дадено дозволи на повеќе компании кои го користат името на Трамп во градежништвото, за хотели, во туризмот, недвижности и финансиски услуги. Брендот на Батаглиа бил одобрен во октомври 2015 година, според евиденцијата на институтот.

Производството на тоалетната хартија треба да започне кон крајот на годината, така што 30 отсто од приходите ќе одат за програми што поддржуваат мигранти.

Батаглиа изјави дека бил навистина вознемирен од кампањата на Трамп, бидејќи за мигрантите кои илегално влегувале во Америка зборуваше дека се криминалци, тргувачи со дрога и силувачи.

„Си помислив, не можеме да молчиме, нели?“, рече тој.

Производот што Батаглиа го нуди се состои од четири „чисти“ ролни тоалетна хартија. На обвивката е прикажано насмеано човече со кренати палци, кое наликува на Трамп.

Од организацијата на Трамп се уште не коментираат за случајот.