Мексиканска новинарка застрелана и во критична состојба

Лусија Лопез Кастиљо е во критична состојба, откако била застрелана од непознат маж пред нејзиниот дом во Веракруз во неделата. Еден од нејзините бубрези морал да биде отстранет поради штетата предизвикана од куршумот.

Нејзината здравствена состојба е комплицирана, велат докторите, поради фактот дека е дијабетичар, а нејзиниот бубрег морал да отстранет.

Не е јасно дали нејзината новинарска работа е причина за нападот. Новинарката, која има 42 години, пишува за Кара Политика, двонеделен магазин, и Ел Куарто Подер, локален весник во Поза Рика. Дописник е и за веб страницата Пулсо Политико.

Заменик-уредникот на Кара Политика, Глорија Мендоза, вели дека Лопез Кастиљо се држела настрана од „политички чувствителна работа“ и не пишувала за организираниот криминал во Мексико. Претежно покривала теми „од јавен интерес“.

Мендоза Комитетот за заштита на новинарите изјавила:
„Таа не објави ништо што би можело да налути некого, и јас не сум свесна за закани кои би можела да ги добие“.

Државата Веракруз е една од најопасните области за новинарите во Латинска Америка. Според истражување на Комитетот за заштита на новинарите, најмалку шест репортери биле убиени во Веракруз, откако гувернерот Хавиер Дуарте де Очоа го започнал неговиот мандат во 2010 година. Комитетот истражува уште 10 убиства на новинари за да дознае дали биле убиени поради она што го пишувале.

Неодамна, репортерот Педро Тамајо беше убиен во Тиера Бланка.