„Мекнеење во Унгарија“ – вело патешествие на Боби Ристовски во „Педала“

„Ако ви здосадиле македонските планини а тешко ви е да замислите како изгледа дестинација за со велосипед, рамна дур погледот се протега, да не ве замори рид, Вело Патешествие овој четврток“.

Вака „Педала“ го најавува новото вело патешествие „Мекнеење во Унгарија – на точак со Боби Ристовски“, настан кој на 21 февруари започнува во 19 часот.

„Боби со Аце се дал на патешествие вакво, во малкуте денови што ги имале да извртат што повеќе низ Унгарија. А не е дека само вртеле и вкусувале и езерото Балатон, гордоста Унгарска ја извртеле. Колку е лесно да се вози само по рамно, Боби ќе ни каже, а кој ќе дојде да го праша нешто ќе вкуси дел од Унгарија“, најавува скопскиот Центар „Педала“.

Од Центарот велат дека се работи за една поинаква инспирација за следно вело патешествие или кураж за велосипедистите да бидат следни да пренесете некакво искуство на вело патешествие во „Педала“.