Меѓународна недела на Филозофски факултет

Од 11 до 15 февруари ќе се одржи Петдневен меѓународен интердисциплинарен форум на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

20 професори од универзитети во Европа и уште толку од Филозофскиот факултет од Скопје ќе одржат предавања и ќе дискутираат на генералната тема: „Предизвици во наставата и истражувањата во хуманистичките и општествените науки“.

Пол Стубс, Вивиана Лангер, Јоана Сиракова, Михаил Бжинковски и Патрик Пастур се само дел од професорите кои ќе дискутираат за време на форумот.

Свеченото отворање ќе се одржи утре во 9:30 часот во Амфитеатрот три на Филозофскиот факултет.