Меѓународен турнир во женско рагби викендов во Скопје

Оваа сабота (6-ти јули) на теренот на ФК Локомотива во Карпош ќе се одржи меѓународен турнир во женско рагби.

На турнирот ќе настапат екипите на Balkan Lynx, од Косово, SamoDivi&Co, од Бугарија и Iraklis Blues, од Грција.

Во текот на турнирот ќе се одигра и натпревар меѓу машките екипи на Forest Barbarians и Rebels.

„Ние, заедно со организаторите на турнирот Balkan Lynx, Ве покануваме на првиот рагби фестивал во Скопје. Дојдете на атрактивни утакмици, запознајте се подобро со рагбито и уживајте во атмосферата и друштвото. А оние кои се заинтересирани за играње, машки или женски, слободно може да си понесат и спортска опрема и да видат какво е чувството да се биде дел од спортот“, најавуваат од скопскиот рагби клуб Skopje Wild Boars.

Распоредот на денот е следниот:
15:30 Женски турнир прв натпревар
15:50 Загревање за мажите
16:20 Женски турнир втор натпревар
16:40 Мажи прво полувреме
17:25 Женски турнир трет натпревар
17:45 Мажи второ полувреме
18:30 Женско финале
19:00 Доделување на награди

Организаторите посочуваат дека сите присутни се добредојдени да останат по завршувањето на турнирот и доделувањето на наградите на дружење со играчите.