Меѓународен арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ во Струга

Од 4-ти до 14-ти август бројни уметници од повеќе држави ќе учествуваат на 12-то издание на Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ во Струга. За наградата Гран при ќе се натпреваруваат млади таленти од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Молдавија.

Тие ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија, фолклор.

Натпреварувачките денови се 8 август (класика) и 10 август (естрада,кореографија, фолклор) во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Гала концертот на кој ќе настапат најдобрите учесници ќе се одржи на 11 август.

Најдобрите македонски учесници добиваат шанса да настапат на повеќе реномирани светски фестивали, меѓу кои и „Славјански Базар“ во Белорусија.

Свеченото отворање на фестивалот на 05 август, Вечер на славјански песни и танци на 6 август и Вечер на француската култура на 7 август, сите со почеток во 21 ч. На 9 август пак, од 19 ч. ќе се одржи доделување на награди и концерт на победниците од натпреварот по класична музика пред црквата Св.Богородица, Калишта.

Веќе на 11 август од 20 ч. Во Центарот за култура во Струга ќе се одржи церемонијата на доделување награди во програмата естрада, кореографија, фолклор, а потоа и Гала концертот на кој ќе настапат наградените учесници на „Езерски бисери 2015.“