Медуза голема 1,5 метар забележана на брегот на Корнвол

Нуркачи забележаа голема медуза на брегот на Корнвол.

„Никогаш не сум видела толку големa”, вели Лизи Дели, биолог кој го видела суштеството во близина на Фалмут.

„Увидовме неколку помали медузи на прекрасен гребен во близина, а потоа се појави оваа огромна, убава медуза”.

Таа рече дека пливањето заедно со „нежниот џин” е „спокојно искуство”.

Илјадници од овие суштества, меѓу кои и најголемата медуза, доаѓаат преку Атлантскиот Океан до топлата крајбрежна вода во западниот дел на Велика Британија секоја година и често се појавуваат на плажите во текот на мај и јуни.

Поради задоцнетото лето, животните, кои вообичаено се долги околу еден метар заедно со нивните пипала, сè уште беа забележани во југозападна Англија, јужен Велс и на уште неколку други места.

Дели и подводниот оператор на камерата, Ден Абот, нуркаа во Фалмут како дел од онлајн серијалот „Wild Ocean Week“ и останаа со невообичаено големото, проѕирно животно во форма на ѕвонче, околу еден час пред да отплива.

Двајцата рекоа дека не биле изненадени од однесувањето на животното. „Има многу благ убод и не претставува закана за луѓето – некои луѓе дури и не го чувствуваат тоа”, рече Дели. „Многумина веднаш би биле загрижени, но тоа не е опасно. Тоа е величествено суштество”.

Нивни главни предатори се морските желки, но нивниот број се намалува бидејќи почесто се заплеткуваат во отпадот во водата.