Медицинскиот факултет во Тетово доби акредитација

Медицинскиот факултет во Тетово доби акредитацијаФакултетот за медицински науки на Државниот универзитет во Тетово ја доби финалната акредитација од соодветната комисија при Министерството за образование на Македонија, информираше денеска ректорот Вулнет Амети.

Според ректорот Амети, со ова еднаш засекогаш се затвора прашањето во врска со работењето и наставно научните активности на овој факултет.

„Факултетот многу скоро ќе располага со најсовремена опрема со цел наставата да се одвива во нормални услови, ќе отвориме потребни лаборатории за сите оддели како интерна, предклиничка и клиничка медицина. Во наставно научниот процес ќе вклучиме познати професори од оваа област од земјата и странство со цел создавање на подобри лекари и стручен кадар кои во иднина ќе бидат гаранција за поквалитетни здравствени услуги за доброто на граѓаните во регионот и пошироко“, рече Амети.

Според деканот на Факултетот за медицински науки во ДУТ, Насир Беџети, тие имаат кадровски и просторни капацитети за образување на лекари од областите на медицината, стоматологијата и фармацијата.