Медицински училишта во Англија нудат по 10.000 фунти на студентите за студирање на друго место

Студентите кои се запишани во дел од медицинските училишта во Англија, е побарано да се префрлат на студии на универзит на друго место во земјата, за што им се нуди компензација од 10.000 фунти. Ова се случи бидејќи стотици студенти аплицирале и ги исполниле условите за упис во медицинските школи.

Оттука, ако не се пријават доволно студенти кои сакаат да направат трансфер и да учат на друго место, некои од нив ќе бидат замолени за одложување на годината. Ова се очекува дека ќе се однесува на третина од 33-те англиски медицински училишта.

„Медицинските училишта ја воочуваат потребата од зајакнување на идната работна сила на Националниот здравствен сервис (NHS) и со поддршка на оваа програма, се обврзуваат на гаранција дека и со проширувањето ќе се одржи висококвалитетното медицинско образование и обука за сите идни лекари“, изјави професорот Малком Рид, ко-претседавач на Советот за медицински училишта .

Според процените, се очекува околу 80.000 студенти да се пронајдат на листите за прераспределба на други места.

„Нема да има слободни места на насоките за клиничка здравствена заштита, но има многу насоки за хуманистички, општествени, инженерски и научни науки во институцијата за кои има место“, објаснува Мери Винсент, заменичка-потпретседателка за образование на Универзитетот Шефилд.

Инаку, конечните детали за тоа како ќе функционира системот за плаќање од  10.000 фунти допрва треба да се утврдат и презицираат. Советот на медицински училишта изјави дека грантот ќе биде поделен помеѓу владата, која ќе обезбеди 6.500 фунти и универзитетот кој ќе даде 3.500 фунти.

Понудата останува достапна за сите студенти од Обединетото Кралство кои имаат добиено место во англиско медицинско училиште, кое бележи преголем број запишани студенти годинава.