Матурантите играа квадрил на плоштадот „Македонија“

На плоштадот „Македонија“ по дванаесетти пат се одржа „Матурската парада “, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот квадрил на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.

 

На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа над 1.000 ученици од 22 средни училишта во Скопје, како и матуранти од 15 средни училишта од Охрид, Струга, Струмица, Гевгелија и од Куманово.

Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.

Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.