Трип хоп дуото Massive Attack најавија ново музичко издание насловено „Ritual Spirit“, составено од четири песни, за кои соработувале со Tricky, Young Fathers, Roots Manuva и Azekel. Новото издание го сочинуваат песните Dead Editors, Ritual Spirit, Voodoo in My Blood и Take It There.
Дуото денеска објави и видео спот за песната „Take It There“, режиран од Hiro Murai. Следно музичко издание се очекува на пролет, а до крајот на годината да се објави и цел албум.
Минатата недела, Massive Attack објавија „сензорен музички плеер“, односно апликација која ги микса песните од нивниот нов албум според податоци земени од мобилниот телефон на корисникот.
Апликацијата е наречена Fantom и работи на модели понови од iPhone 5s. Ја користи локацијата, движењето и биењето на срцето на корисникот за да „манипулира“ со музиката, заедно со времето и сликите од камерата на телефонот.