Маршот за Алепо, кој помина низ Македонија, номиниран за Нобелова награда за мир

Граѓанскиот марш за Алепо, кој траеше девет месеци и помина низ европскиот континент е номиниран за Нобеловата награда за мир.

Активистката Ана Албот инспирираше десетина илјади граѓани да маршираат низ Европа и Средниот Исток поминувајќи ја рутата на бегалците. Маршот започна во Берлин во декември 2016 година, а заврши во август 2017 година на границата помеѓу Либан и Сирија. Нивната цел беше да испратат порака за мир и да потсетат на патот кој секојдневно го поминуваат илјадници бегалци.

Сепак, од групата велат дека војната е далеку од готова и се надеваат дека со номинацијата повторно ќе се актуелизира ова прашање во јавноста.

„Илјадници луѓе не можат да се вратат во нивните домови и остануваат раселени во Сирија и надвор од нејзините граници. Секојдневно, луѓе се кријат од гранатирањето и бомбардирањето, се повредувани, гладуваат и умираат“, велат од групата.

Маршот понекогаш поминуваше и по 40 километри на ден, некогаш на -16, а некогаш и на +40 степени.

Граѓанскиот марш за Алепо помина и низ Македонија. Радио МОФ лани во април направи видео во кое разговараше со дел од активистите на маршот за неговата идеја и цел. Во продолжение, може да го погледнете: