Марш за Рацин од Велес до Лопушник

Еколошката групација „Грин Пауер“ од Велес, од 8 до 13 јуни организира шестдневен планинарски марш од Велес до Лопушник (Кичевско), во чест на Кочо Рацин – револуционер , вонвременски великан на Македонската поезија и една од најсветлите точки во поновата наша историја.

Маршот се организира по повод 76 години од неговото загинување на 13 јуни 1943 година на Планината Лопушник.

Екипата тргна денеска, во 5 часот, од центарот на Велес, а се очекува да стигне на Лопушник во четврток, каде планинарите ќе се спојат со делегацијата на Општина Велес и заеднички ќе се поклонат пред спомен обележјето.

Главен покровител и поддржувач е Општина Велес, и овој марш годинава станува составен дел од престижната Културно – поетска Манифестација „Рацинови Средби“ која се одржува по 56-ти пат.