Македонски студенти во странство: Животот во студентскиот дом во Лидс

Во текот на првата година од своите пост-дипломски студии Тихомир Давчев живееше во студентски дом во Лидс, во Англија. За Радио МОФ тој раскажува, каков е животот на еден интернационален студент во овој град.

Македонски студенти во странство: Живот во студентскиот дом во Лидс

„Изминатата учебна година студирав постдипломски студии на универзитетот во Лидс во Англија,  па сакам да го споделам моето искуство во однос на живеење во студентски дом во странство. Бидејќи сум од Скопје, немам живеено во студентските домови во нашата земја, па овој текст се однесува исклучиво на студентските домови во Англија.

Самата апликација за универзитетски смештај е обмислена до најситниот детал, па така можете да напишете дали сакате да делите стан со (не)пушачи, додиломци/постдипломци, домашни/интернационални студенти, вегетаријанци. Исто така, некои домови се исклучително само за постдипломци со цел да им се овозможи потивка атмосфера за работа. Локациите на домовите се многу близу до универзитетскиот кампус и до центарот на градот, а за тие што се подалеку, универзитетот има организирано превоз.

Македонски студенти во странство: Живот во студентскиот дом во ЛидсСекој универзитетски кампус си има и комитет составен од студенти кои се грижат за активностите на останатите студенти што живеат во тој дом. Во текот на учебната година, овој комитет организира активности со цел запознавање на сите студенти во домот и продлабочување на веќе постоечките пријателства. Во мојот случај, на почеток на годината имаше организиран обилен ручек (составен од 3 главни јадења плус предјадење и десерти). Во текот на семестарот имаше и организирани посети на лизгалиштето на плоштадот во Лидс, ручеци во добри ресторани во градот и завршен летен бал во еден од најскапите хотели во Лидс. Повеќе од очигледно беше дека студентскиот комитет располага со големи средства кои се трошеа за доброто на студентите.

Но да се вратиме една година наназад и да почнеме од септември.

На почетокот на учебната година, ни се претставија луѓето кои што работеа во домот и ни посакаа многу успеси во учењето. Исто така, се претстави и тимот на subwardens што би можело да се преведе како редари кои беа одговорни и се јавуваа на повик секоја вечер и секој викенд додека траеше семестарот. Овие студенти работеа по затварањето на канцеларијата во домот и беа првиот контакт со студентите доколку им треба нешто. Јас бев дел од овој тим за време на вториот семестар, што ми додаде дополнителна одговорност, но и ми дозволи одблиску да се запознаам со начинот на кој работите функционираат во канцеларијата.

Македонски студенти во странство: Живот во студентскиот дом во Лидс

Бројот на кој може да се повика дежурниот редар беше лесно достапен и можеше да се најде во заедничката просторија во секој стан. Становите не беа големи и беа идентични низ целиот кампус. Јас лично, делев кујна и тоалет со уште 4 други студенти, сите постдипломци, но затоа си имавме посебна соба со лавабо. Иако смештајот не беше луксузен, имав се што ми треба. Станот немаше заедничка соба (освен кујната), но затоа целиот дом, сотавен од 13 посебни блокови, имаше летниковци во средината, каде што студентите се собираа и дружеа кога времето ќе го дозволеше тоа. Имаше и посебен простор за правење скара, кој беше максимално искористен во летните денови.

Македонски студенти во странство: Живот во студентскиот дом во ЛидсШто се однесува на мојата улога како редар, работата не беше тешка, и имаше една значителна предност: успеав да ги запознаам скоро сите 290 студенти што живееја во домот. Еднаш во неделата бев должен да делам пакети што студентите ги добиваа во канцеларијата и да одговорам на повици. Најчестите поплаки беа во врска со губење на клучеви од соба и за голема врева од соседниот стан, при што се викаше и универзитетското осигурување. Секој ден, и без да бидат повикани, луѓето од обезбедување го патролираа домот за да видат дали се е во ред, и дали има сомнителни лица во близина. Во тој поглед, се беше беспрекорно организирано, и времето за кое осигурувањето пристигаше во домот беше многу брзо.

Да не се создаде некоја слика дека се беше утопично, имаше и работи што не функционираа толку добро. Администрацијата често пати праќаше писма на студенти со погрешна адреса, па ние редарите моравме да ги поправаме адресите, барајќи ги студентите на список. Греењето беше многу слабо за време на зимските месеци и автоматски се исклучуваше по еден часот. Тоа значеше дека секој час, некој мораше да станува и да го вклучува централниот систем за греење, кој во текот на ноќта нормално се исклучуваше. Исто така, машините за перење алишта се расипуваа многу пати во годината, па мислам дека некој требаше да реагира и да ги замени. Постоеја и машини за сушење кои воопшто не вршеа работа, па многу студенти мораа да бидат креативни и да прават разно-разни направи на кои ќе може да ги закачат алиштата за да се сушат. Прескапите цени за перење и сушење (320 денари) не ги оправдуваа условите во пералната.“