Македонски студенти во странство: Како се живее во студентски дом во Естонија

Студентот Иван Кантарџиски за време на својата посета на Естонија, како дел од програмата Еразмус, беше сместен во официјалниот студентски дом на Естонската академија за безбедносни науки во Талин, Естонија.

Македонски студенти во странство: Како се живее студентски дом во Естонија

Тој за Радио МОФ раскажува како е да се живее во студентските домови во оваа европска држава.

„ Заедно со мојот цимер, кој исто така беше од Македонија, добивме соба во третата зграда на домот, резервирана за странските студенти кои доаѓаат преку Еразмус. Неговата локација беше на периферијата на Талин, односно беше оддалечен 20 минути возење со градска автобуска линија. Иако не е најпрактична локација за студент, околината беше прекрасна бидејќи се наоѓате во населба со малку куќи и огромна борова шума. Десетминутно пешачење ве носи до Балтичкото море, а најблискиот супермаркет беше на скоро исто растојание.

Домот е дел од поголем комплекс на згради на Академијата, вклучувајќи ја административната зграда, фитнес сала, спортска сала и дел за сервисирање на службени возила. Фитнес и спортската сала беа отворени за студенти секој ден од неделата, од 8 часот наутро до 10 навечер. Исто така на располагање имавме и сопствена сауна која е отворена еден ден во неделата.

Македонски студенти во странство: Како се живее студентски дом во ЕстонијаСтудентскиот дом ги пружа сите основни услови за удобно живеење. Вода за туширање има нон-стоп, парното греење работи 24 часа бидејќи температурите паѓаат и под -25 степени во најладните денови, имавме брз интернет обезбеден од Академијата, сопствена кујна и простории со перални/сушари за облека. Заеднички читални на секој спрат за студентите, слободни во било кое време. Во нашата зграда имавме и две пинг-понг маси за играње, слободни за употреба до 23:00 часот. Се чувствував многу безбедно во домот бидејќи има три влеза кои се отвораат само со електронска картичка која ја поседува студентот. Сите надворешни влезови беа обезбедени со видеонадзор, па ние нашите соби ретко ги заклучувавме кога сме во градот. Администраторот на домот тврдеше дека во 20-годишната историја на Академијата не се случила кражба.

Но, овој студентски дом се смета за еден од полошите во Естонија, а во останатите, условите се уште подобри. Домот во кој што бев сместен не беше обновен долг период, дури од советски времиња заради определени планови да се пресели Академијата надвор од Талин, но бидејќи тој план беше одбиен од властите во мај 2013, сите згради започнаа со реновирање во периодот кога ние си заминавме во Естонија.

Стариот мебел и инфраструктура би била единствената маана. Нашиот естонски Еразмус-координатор постојано се извинуваше за таа ситуација и нé уверуваше дека другите домови на Академијата се во одлична состојба. Јас со дел од моите колеги минавме три дена во дом на Академијата во Ваике Марја, село во источна Естонија кое е дом на тренинг центарот за противпожарните единици и се уверивме дека по реновирањето, новите домови изгледаат прекрасно и се уредени со многу внимание“.