Маја Андонова Јокиќ со самостојна изложба „Обоена љубов“ во НЛБ Галерија

Со почеток во 20 часот, утревечер (6 февруари 2019), во НЛБ Галерија ќе биде отворена самостојната изложба „Обоена љубов“ на дела од Маја Андонова Јокиќ.

На изложбата авторката ќе се претстави со педесет свои дела изработени со техниката акрил на платно во период од 2016 до 2019 година.

„Андонова Јокиќ не е минималист. Во ова мачно тивко време на пригушени гласови, таа катарзично и несебично, но и доста храбро, како гејзер експлодира со бои, нешто налик уметнички оргазам не шокира со онаа убавата и заборавена реалност“, стои во најавата за изложбата.