МАИ по седми пат го отвори конкурсот за издавачките награди

За време на Саемот на книгата, кој годинава ќе се одржи од 4 до 10 мај, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) по седми пат ќе ги додели признанијата за најдобро издание, автор, издавачки проекти кои го одбележаа периодот меѓу двата саеми.

Од Македонската асоцијација на издавачи по седми пат го отвораат конкурсот, кој е отворен за сите македонски издавачи, кои можат да конкурираат во осум категории:

  • Признание за најдобра едиција
  • Признание за најдобар дизајн на корица
  • Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание
  • Признание за најдобра книга за деца
  • Признание за автор на годината
  • Признание за најкреативно издание
  • Признание за поттикнување на општествена одговорност
  • Специјално признание за промотор на читачката култура

„Целта на наградите на МАИ е оддавање признание на издавачите и уметниците – писатели, графички дизајнери, илустратори, кои во текот на годината успеале да креираат оригинални дела и со својата работа да го подигнат нивото на издаваштвото во земјава.

За наградите на МАИ оваа година ќе одлучува независна жири комисија, составена од тројца членови – писателот Владимир Јанковски, драматургот Дарко Спасов и илустраторот Ивица Спасовски.

Издавачите што сакаат да конкурираат, документот за апликација можат да го побараат на е-поштата sekretar@mai.org.mk.

Крајниот рок за испраќање на апликациите е 28 април 2023 година, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на Саемот на книгата, на Денот на македонскиот јазик, 5 мај.