Лојално куче неколку дена го чекало својот сопственик пред болницата во која бил хоспитализиран

Бончук се враќала пред болницата секој ден за да го чека својот сопственик Кемал Сентурк.

Лојално куче поминало неколку дена пред болница во Турција, бидејќи го чекало својот сопственик кој бил хоспитализиран.

Кучето го следело амбулантното возило во кое транспортиран бил Кемал Сентурк. Потоа, тоа секојдневно ја посетувало болницата.

Ќерката на сопственикот, Ајнур Егели, изјавила дека секој ден го носела кучето назад во домот, но тоа со трчање се враќало пред болницата.

„Кучето доаѓа секој ден во 9 часот наутро и седи до вечер. Не влегува внатре во болницата, само ѕирка внатре кога вратата ќе се отвори“, изјавило обезбедувањето на болницата за локалните медиуми.

Пред неколку дена, Бончук повторно се сретнала со својот сопственик.

„Многу е навикната на мене. И мене премногу ми недостасуваше“, изјавил Сентурк.

Извор: Guardian