„Љубов и револуција“ – проекција на филм во СЦ „Дуња“

Јули 2018. Европските медиуми тврдат дека грчките мерки за штедење се успешни и дека мирот во земјата е вратен. Овој филм го докажува обратното. Музичко патување, од северот до истокот на Грција, помеѓу оние кои сонуваат за љубов и револуција, се вели во најавата за проекцијата на филмот „Љубов и револуција“ (Love and Revolution) во четврток (8 август) во 20 часот во СЦ „Дуња“.

„5 години по „Ајде да не живееме како робови“ и 3 години по „Се борам значи постојам“, „Љубов и Револуција“ е непрофитабилен филм лиценциран под Creative Commons 3 со помош на самоуправувани иницијативи за солидарност.

Доколку дозволат временските услови, проекцијата на филмот ќе биде на отворено – во дворот на СЦ „Дуња“. Влезот е слободен.